Кредити

Купи кредит

За да се направи било каква операција во системот, корисникот мора да има одреден износ на кредити достапен на неговата сметката.

Почетниот екран за купување на кредити содржи листа на сите кредитни пакети, прикажувајќи основни информации за секој пакет. Валутата во која е претставена вредноста на пакетот на кредити е одредена согласно државата избрана во профилот на корисникот кој е физичко лице или компанија (MKD за Македонија и EUR за секоја друга држава).

Листа на кредитни пакети

Корисникот мора да избере пакет на кредити што тој/таа сака да го купи. По изборот на пакетот, корисникот избира тип на плаќање со користење на една од следниве опции:

Платежна картичка

За купување на кредити користејќи платежна картичка не е потребно најавениот корисник да плати сам за себе. Со други зборови, корисникот може да ги достави податоците за плаќање на друго лице во платниот промет.

Испратените детали поврзани со личните податоци на корисникот ќе бидат искористени за плаќање, а тој корисник по успешното плаќање ќе добие фактура.

За да се финализира плаќањето со користење на сопствената платежна картичка, најавениот корисник ќе биде насочен кон доверлива платежна платформа.

По успешното плаќање, корисникот се пренасочува кон системот. Ова е моментот кога системот ќе го зголеми вкупниот број на кредити за корисникот пријавен со соодветна корисничка сметка.

Системот исто така ќе креира фактура и ќе ја испрати на купувачот како потврда за успешната трансакција.

Во случај корисникот да го откаже плаќањето или системот да ја отфрли уплатата, тогаш тој се пренасочува кон веб страна каде што се прикажува порака за грешка.

Банкарски пренос

За купување на кредити користејќи банкарски пренос не е потребно најавениот корисник сам да плати. Со други зборови, корисникот може да ги достави податоците за плаќање на друго лице во текот на плаќањето.

Податоците испратени за лицето ќе се користат за плаќање; тоа одредено лице ќе добие профактура како референца за плаќањето.

Откако ќе биде креирана профрактура истата ќе биде пратена до корисникот, а системот ќе покаже соодветна порака до најавениот корисник.

Откако уплатата ќе биде евидентирана на нашата банкарска сметка, нашиот персонал ќе го одобри вашето плаќање, а кредитите на вашата сметка ќе се зголемат.

Системот ќе испрати фактура до купувачот како потврда за успешната трансакција.