E-Достава

Услугата Е-достава им овозможува на корисниците да разменуваат документи со останати регистрирани или нерегистрирани корисници.

Пораки

Корисникот може да праќа и прима пораки кои содржат еден или повеќе документи, прикачени во пораката. Пораките можат да се видат во:

Корисникот може да:

Со избирање на одредена порака, корисникот може да ги види сите детали и да изврши некоја акција.

Нова порака

Корисникот може да испрати нова порака која содржи прикачени документи до друг корисник (регистриран или нерегистриран).

Пред да ја испрати пораката, корисникот треба да ги внесе следните податоци:

Примачите на пораката може да бидат избрани од адресарот, но исто така корисникот може рачно да ја внесе е-поштата на примачите на пораката.

Дополнително, корисникот може да избере да ги заштити прикачените датотеки со рачно внесена лозинка. Прикачените документи ќе бидат архивирани во една архива (ZIP датотека) и заштитени со претходно внесената лозинка.

Прикачувањето на датотеките може да потрае одредено време (во зависност од вкупната големина). Корисникот може да го надгледува прикачувањето во одделен прозорец кој го отвора апликацијата за време на прикачувањето.

Откако ќе биде испратена пораката, корисникот може да ги види сите детали за неа.

Ажурирање на пораката

Корисникот може да ги ажурира испратените пораки со:

Со продолжување на времето на достапност на пораката, времетраењето се продолжува за бројот на внесени денови.

Препраќање на пораката

Корисникот може да ги препрати веќе испратените пораки. Препраќањето на пораката иницира креирање на нова порака која ги содржи истите податоци како и оригиналната порака.

Потребно е корисникот да дефинира нова листа на примачи на пораката, но може да ги задржи оригиналниот наслов, содржината и времетраењето на пораката.

Корисникот не може да ја менува листата на прикачени датотеки во пораката која ја препраќа.

Токени

Корисникот може да креира токен за некој друг корисник (регистриран или нерегистриран), со што може да му овозможи да испрати датотека единствено до тој што го креирал токенот. Примачот на токенот може да испрати една или повеќе пораки со истиот токен (во зависнот од нагодувањата на креираниот токен).

Корисникот може да пребарува или брише испратени токени во листата на испратени токени.

Нов токен

Корисникот може да креира нов токен за прикачување со внесување на следните податоци:

Со креирање на нов токен за прикачување, примачот на пораката ќе добие известување кое содржи врска и упатство како да испрати порака до тој што го креирал токенот.

Ажурирање на токен

Корисникот може да го ажурира претходно испратениот токен за прикачување со:

Пораки испратени со токен

Примачот на токен може да испрати една или повеќе пораки со добиениот токен. Пораките испратени со токен се испраќаат на ист начин како и стандардна порака, без можност да се наведат примачи на пораката.

За времетраењето на достапноста на токенот, примачот на пораката може да ги прегледа сите испратени пораки со тој токен.

Праќањето на порака со токен е можно, независно од тоа дали корисникот е најавен или не на системот.

Отстранување

Пораките и токените имаат времетраење на достапност, кое се поставува при креирањето или ажурирањето. Откако ќе истече времетраењето, токените веќе не се достапни за корисниците (испраќачите и примачите). Системот автоматски ги отстранува.