Sign workflow document

Потписниците можат да потпишат PDF документ користејќи само веб-прелистувач.

Откако потписникот ќе добие е-пошта која содржи упатствo за потпишување документ преку порталот, тој треба да го вчита примениот URL во веб-прелистувачот и да ги следи упатствата за потпишување на документот.

Потпишување на документ

Со отворање на URL-адресата, добиена преку е-пошта, потписникот пристапува на страницата што ги презентира специфичните упатства на избраниот тип на сертификат за потпишување.

Еднократен сертификат (OTC)

Со избор на копчето Продолжи потписникот добива презентација на документот со можност да избере копче Потпиши за го потпише документот или копче Одбиј да не го потпише документот.

Кога е избрано копчето Потпиши , системот ќе издаде сертификат и ќе го потпише документот без дополнителна интеракција со потписникот. Откако документот ќе биде потпишан, потписникот ќе добие порака за успехот на акцијата. Потписот е видлив во документот.

Локален квалификуван сертификат

Од потписникот се бара да избере сертификат за потпишување од неговиот USB токен или од софтверскиот безбеден магацин во компјутерот. Документот се вчитува за да се презентира на потписникот со можност да се изберат копчињата Потпиши или Одбиј за да се потпише или не документот.

Кога е избрано копчето Потпиши , системот може да го праша потписникот да го внесе PIN-от за неговиот PKI токен за да може да се потпише документот.

потписникот ќе добие порака за успехот на акцијата а потписот ќе биде ставен на документот.

Квалификувани сертификати на далечина

Со избор на кочето Продолжи потписникот се насочува кон надворешен систем со цел да се автентификува и авторизира за следна акција.

По успешната најава потписникот се насочува назад во процесот на потпишување.

Во случај потписникот да е веќе најавен на надворешниот систем, тој автоматски ќе биде насочен да го продолжи процесот на потпишување каде ќе добие презентација на документот за потпишување и можност да потпише (клик на копче Потпиши) или да одбие потпишување (клик на копче Одбиј).

Кога е избрано копчето Потпиши, документот ќе биде потпишан со повикување на надворешен систем. Во текот на процесот на потпишување од потписникот ќе биде побарано да го авторизира потпишувањето преку неговиот мобилен уред. Откако преку мобилниот уред ќе биде потврдено потпишувањето документот ќе биде потпишан.

Потписникот ќе добие порака за успехот на акцијата а потписот ќе стане дел од документот.

Код за верификација

Кога телефонскиот број на мобилниот уред ќе биде внесен, од потписникот ќе биде побарана потврда на неговиот идентитет со внес на кодот за верификација добиен преку SMS порака.

Потписникот ќе може да продолжи со потпишување тогаш кога ќе внесе валиден верификациски.

Ако потписникот не добие верифивикациски код, постои можност системот повторно да испрати друг верификациски код.

Одбивање на потпишување

Ако потписникот не сака да го потпише документот, тој има можност да има можност да ја одбие таа акција и да избере причина за оваа своја одлука.

Потписникот е во можност да избере една од понудените причини за одбивање на потпишување на документот. Со избор на копчето Друго потписникот може да даде прилагодена причина за својата одлука.