Потпишување на PDF документи онлајн

Корисниците имаат можност да потпишуваат PDF документи преку веб, единствено со користење на веб прелистувач.

Откако корисникот ќе добие покана да го потпише документот користејќи го порталот, треба да ја впише добиената веб адреса во веб прегледник и да ги следи инструкциите за потпишување на документот.

Средство за електронско потпишување

Корисниците можат да изберат еден од следните понудени начини за потпишување на документот. Понудени добавувачи на електронски потпис се:

Со избирање на потпишување на документот користејќи еднократен сертификат, корисникот кој потпишува ќе биде информиран да обезбеди основна информација (име и презиме, слика од потпис) која ќе се појави во потписот. Порталот ќе креира електронски потпис и ќе издаде еднократен сертификат од PKI инфраструктурата на Квалификуваниот давател на доверливи услуги, документот ќе биде потпишан со создадениот електронски потпис за кој е издаден еднократен сертификат а потоа сертификатот ќе биде заборавен (поништен).

За да го потпишете документот со користење на екстензија како дел од интернет прелисувачот како метод за пристап до уредот за создавање електронски потпис, задолжително е да се инсталира екстензијата за соодветниот прелистувач и софтверот на клиентот на начин опишан на страницата How to use при што корисникот треба да е сигурнен дека сите компоненти се правилно инсталирани. Корисникот може да направи проверка на страницата за откривање грешки достапна на локација Detection page. Во случај екстензијата за прелистувачот да не е правилно инсталирана, корисникот ќе биде воден од инструкциите дадени на претходната веб-локација како да ја заврши потребната инсталалција.

Кога се користи екстензија како дел од интернет прелисувачот како метод за пристап до уредот за создавање електронски потпис (икона со наслов: сертификат од PKI токен или диск (Е)), од корисникот се бара да избере сертификат кој ќе биде искористен при потпишување на документот.

Со избор да се потпише документот преку методот за избор на сертификат од облак, од корисникот се бара да се автентицира за користење на CoSign за да добие список со своите визуелни потписи и сертификати. Откако ќе се изберат деталите за потписот, корисникот се насочува до приказот на документот, подготвен да го стави избраниот потпис.

Во процесот на потпишување на документ, корисникот има можност да стави текстуален израз или слика на местото за потпишување. Ставањето електронски потпис со придружување слика (факсимил) е овозможено само за регистрирани корисници.

Во случај на нерегистриран корисник (корисник гостин) порталот ќе овозможи креирање на видлива информација за потпис само со внесување на текст.

Кога ќе се внесе мобилен број за одреден корисник кој треба да се потпише, во делот Add signers, потпишувачот е обврзан да го внесе верификацискиот код за негова дополнителна автентикација. Кодот за верификација се доставува преку SMS услуга до дадениот мобилен број. Потпишувачот може да побара друг код за верификација со одбирање на копчето "прати повторно", прикажано под формата за внес на верификациски код.

Потпишување на документот

Кога потписот е позициониран на соодветна локација во документот, корисникот треба да го избере копчето "Потпиши го документот" со цел да го финализира потпишувањето. Доколку копчето "Потпиши го документот" не се избере, нема да биде додаден потпис на документот.

Штом ќе започне операцијата за потпишување корисникот може да забележи индикатор на движење во круг (spinner) веднаш до копчето за потпишување.

Откако документот успешно ќе се потпише од системот, на корисникот му се прикажува порака за успешно потпишување. Времето на потпишување на документот е земено од Квалификуваниот давател на доверлива услуга за временски жиг.

Во спротивно системот ќе прикаже порака за грешка.

Следен потписник

После секое успешно потпишување, системот ќе го извести следниот потписник на документот дека е негов ред за потпишување.

Системот ќе продолжи да ги информира потписниците за редот на потпишување, се додека документот не се потпише од страна на сите предвидени потписници или до истекот на крајниот рок на целосно потпишување на документот.

Дигитален временски жиг

Откако сите потписници ќе го потпишат документот, системот автоматски додава дигитален временски жиг на документот, со што се утврдува точното време кога последниот потпис е додаден на документот. Времето на потпишување на документот е земено од Квалификуваниот давател на доверлива услуга за временски жиг.