Вчитување на PDF документ за потпишување

Услугата Прикачи PDF документ за потпишување им овозможува на корисниците да прикачат PDF документи за потпишување и да повикаат еден или повеќе потписници кои дигитално ќе ги потпишат тие документи.

Прикачи PDF документ

За да може да се потпишува PDF документ, корисникот треба да го прикачи на системот. Документот може да се прикачи со користење на методот "Повлечи и спушти (drag and drop)" или со кликнување на копчето „Избери PDF документ“ и со избирање на документ од локалното складиште.

Прикачи PDF документ

Максималната големина на прикачениот документ не може да ја надминува големината на достапен складишен простор на корисникот во системот.

Максималната големина за прикачување на еден документ е ограничена на 5MB.

Додади потписници

Откако PDF документот е прикачен, корисникот има можност да достави листа на потписници (адреси на е-пошта и опционално броеви на мобилни телефони) и да ги повика да го потпишат документот според предефиниран редослед.

Корисниците можат да додаваат онолку адреси на е-пошта на листата на потписници колку што е потребно, преку копчето "Додади потписници". За да се додаде себеси на листата на потписници, корисникот треба да ја избере опцијата "Додади ме како потписник" или мануелно да ја внесе својата адреса на e-пошта во листата.

Цена

Пред извршување на операцијата, корисниците можат да ја прегледаат вкупната цена за услугата, која што ќе биде наплатена откако документот ќе биде потпишан.

Со избирање на копчето "Детален приказ", веднаш до "Вкупна цена", корисникот може да ја прегледа табелата со цени.

Операциите за потпишување се наплаќаат после секое успешно потпишување од страна на повиканите потписници.

Потврда од страна на корисникот

За да се спречи невалидно поднесување на формата за потпишување, корисникот треба да го потврди документот и листата на потписници со кликнување на квадратчето за потврда, веднаш до копчето "Поднеси". Откако ќе се штиклира, системот ќе му дозволи на корисникот да ја поднесе формата.

Поднесени информации за документ

Системот ќе му прикаже на корисникот целосен преглед на информациите за поднесениот документ.

Редослед на потпишување

По поднесување на листата на потписници, ситемот ќе испрати известување до сите дека треба да потпишат документ.

Системот иницијално ќе ја следи предефинираната листа на потписници што ја поднел корисникот. Дозволено е само еден потписник да го потпишува документот во одреден временски период. Откако документот ќе се потпише, системот ќе го извести следниот потписник од листата дека треба да го потпише документот.

Секој потписник има еден ден за да го потпише документот; потоа, системот ќе ја преуреди листата и ќе испрати известување до следниот потписник, и ќе го премести претходниот потписник на крај на листата.

Потписниците ќе можат да го потпишат документот само доколку е нивен ред за потпишување или пред истек на крајниот рок на глобалниот потпис на документот.

Безбедност

Кога корисникот користи дополнителна безбедност на услуги треба да го внесе и авторизацискиот код кој што е испратен од системот.

Доколку внесениот безбедносен код е валиден, системот ќе ја изврши операцијата. Во спротивно, корисникот ќе добие известување за невалиден кориснички внес.