Безбедност

Корисниците можат да заштитат критични делови од апликациите, за да спречат неавторизирано користење на кредити.

Со предефинираните поставувања, корисничките сметки не се заштитени, но корисниците можат дополнително да ја конфигурираат безбедноста.

Безбедносно ниво се постигнува со опционален авторизациски код за услуга пред системот да ја изврши операцијата. Со други зборови, пред корисникот да финализира одредена операција, потребно е да внесе авторизациски код за бараната операција. Доколку кодот е валиден, операцијата ќе се изврши, во спротивно операцијата ќе биде одбиена со прикажување на соодветна порака.

Конфигурација

Конфигурација на безбедност на услугите може да се направи во делот "Моја сметка / Дополнителни безбедносни поставки".

Корисникот може да одбере еден од следните начини за доставување на авторизациски код:

Доколку кодот се испраќа преку SMS, корисникот е должен да внесе валиден телефонски број од мобилен оператор во рамки на формата "Моја сметка / Мои лични детали".

Доколку кодот се испраќа преку e-mail, системот ја користи e-mail адресата што е поврзана со корисничката сметка.

Со селектирање на опцијата <НЕМА> при конфигурација, корисникот може да ја исклучи безбедноста на услугите.

Верификација преку мобилен телефон

Корисникот треба да го верифицира својот мобилен број пред да го користи за дополнителна безбедност.

Потврдата за мобилниот број се избршува рачно преку барање на код за верификација од системот и испраќање на код за верификација добиен преку СМС порака до системот. Откако системот ќе го потврди поднесениот код, корисникот ќе може да го користи својот мобилен уред за дополнителна безбедност.

Валидност на авторизациски код

Авторизацискиот код е валиден 120 секунди.

Користење

Прочитајте повеќе за користење на безбедност на услуги: