Издавање на временски печат за датотека

Услугата за поставување на временски печат им овозможува на корисниците да издадат токен со временски печат како доказ за интегритет на документот.

Корисникот може да избере, да прикачи целосна датотека или само хеш од датотеката пресметан надворешно.

Прикачете документ

Корисниците можат да добијат дигитален токен за временски печат за сите типови на документи со нивно прикачување на системот. Документот може да биде прикачен со користење на "Повлечи и спушти (Drag and drop)" механизмот, или со притискање на копчето "Изберете документ" и селектирање на документот од локалното складиште.

Поднесете хеш од датотеката

Корисниците може да добијат токен за дигитален временски печат за хеш датотеката. Хеш-от мора да се пресметува надворешно, на пример со користење на програма со командна линија како sha256sum.

Поднесениот хеш, мора да биде HEX-кодирана низа од карактери.

Заедно со HEX-кодираниот хеш, корисникот треба да проследи информации за алгоритамот што се користи за пресметување на хеш-от.

Цена

Пред извршување на операцијата, корисниците можат да ја прегледаат вкупната цена за услугата, која што ќе биде наплатена откако ќе се издаде токенот за временски печат.

Преземете го токенот за временски печат

По одобрување на операцијата со притискање на копчето "Издади временски печат", системот ќе издаде токен за временски печат и на корисникот ќе му биде понудена опција за преземање.

Безбедност

Кога корисникот користи дополнителна безбедност на услуги треба да го внесе и авторизацискиот код кој што е испратен од системот.

Ако внесениот безбедносен код е валиден, системот ќе ја изврши операцијата. Во спротивно, корисникот ќе добие известување за невалиден кориснички внес.

Безбедносниот код важи 2 минути откако ќе биде испратен до корисникот.