Проверка на интегритет на датотека

Услугата за проверка на интегритет на датотека им овозможува на корисниците да го потврдат интегритетот на одредена датотека наспроти издаден токен за временски печат.

Корисникот може да избере да потврди или датотека или само хеш-от на датотеката пресметан надворешно.

Прикачете датотека

Корисникот може да го потврди интегритетот на датотеката со прикачување на самата датотека и на токен за временски печат во системот. Датотеката може да биде прикачена со користење на "Повлечи и спушти (drag and drop)" методот или со кликнување на копчето "Одберете датотека" и селектирање на датотеката од локалното складиште.

Прикачи датотека за проверка на интегритет
Прикачи токен за временски печат
Потврди проверка на интегритет

Поднесете хеш од датотеката

Корисникот може да го потврди интегритетот на датотеката со обезбедување хеш на датотеката и соодветен токен за временскиот печат на системот. Хеш-от мора да се пресметува надворешно, на пример со користење на програма со командна линија како sha256sum.

Поднесениот хеш, мора да биде HEX-кодирана низа од карактери.

Хеш форма на датотеката
Поставете датотека со токен со временски печат
Потврдете верификација

Резултат од проверка на интегритет на датотека

Во зависност од влезните датотеки, системот може да врати дека датотеката и токенот за временски печат се совпаѓаат или не се совпаѓаат.

Датотеките се совпаѓаат
Датотеките не се совпаѓаат

Безбедност

Кога корисникот користи дополнителна безбедност на услуги треба да го внесе и авторизацискиот код кој што е испратен од системот.

Доколку внесениот безбедносен код е валиден, системот ќе ја изврши операцијата. Во спротивно, корисникот ќе добие известување за невалиден кориснички внес.

Безбедносниот код важи 2 минути откако ќе биде испратен до корисникот.